Научно списание за образовни прашања

image1

Почитуваничитатели!

Во Вашите раце го имате научното списание„Педагошка ревија“. Досегашната структура и физиономија на „Педагошка практика“ сега е со нов концепт и ново руво. Тоа прет­ставува умислен, изворен и автентичен растеж на досегаш­ната концепциска поставеност на ова списание.

Редакцијата на списанието беше на повидок на предиз­виците дали да се задржи стандардниот модел на „Педагошка практика“ не само како форматско и дизајнерско решение, туку многу повеќе од аспект на неговото внатрешно, програмско, те­матско, концепциско и стручтурално дефинирање и надгра­дување. На една страна се имаше во вид стандардната поставка на списанието на друга предизвикот на времето и новите опсер­вациски подрачја, новото разгранување на темите, прашањата и областите што би биле предмет на третирање во списанието. Новите предизвици проникнуваа од новите и современи потреби на пошироката димензионираност на научното перципирање и реципирање на прашањата во чиј средиштен интерес се пос­та­вува стожерниот интерес на списанието.

Преовлада повикот на времето. Редакцијата по опфатно и темелно проценување и одмерување на бројните аспекти, се определи да го редизајнира постојниот композициски концепт на „Педагошка практика“, давајќи му релативно поинвентивен, по­проширен и поопфатен тематски регистер на прашањата и проб­ле­мите што го тангираат новото време. Редакцијата со тоа ја ан­ти­ципира својата заложба и определба концептот на списа­нието да го одразува и идентификува поширокиот научно-истра­жувачки, методски и педагошки спектар на прашања. Во тој дух редакцијата се определи списанието „Педагошка практика“ да го до­бие својот дооформителен атрибут со кој сакаме да го тра­сираме новиот поширок стручно-научен опсервациски зафат. Со тоа сакаме да анимираме поголем број на автори на трудови, потврдени авторитети и перспективен подмладок. Колку сме поголем тим на креатори на списанието, толку ќе биде побрз и рас­тежот на списанието во неговиот квалитет. Колку се пос­ветени на него, толку тоа ќе ги афирмира и нашите интереси. Затоа ја очекуваме Вашата подршка. Затоа ја очекуваме и сора­ботката со Вас. Списанието да биде наша заедничка придобивка.

                                                            Од редакцискиот одбор

ЗА КОНЦЕПТОТ ПЕДАГОГИЈА

Татјана Котева-Мојсовска


КНИЖЕВНОСТА И БИБЛИОТЕЧНИТЕ РЕСУРСИ

Мито СПАСЕВСКИ


ШКОЛУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ ЗА РАБОТА НА ПОЛЕТО НА ФИЗИЧКОТО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ

Иван ПРСКАЛО, Марко БАРДРИЧ, Ивана ФИЛИПЕЦ


ВЛИЈАНИЕТО НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СОВРЕМЕНИТЕ ОПШТЕСТВА

Емиљ СУЛЕЈМАНИ


МЛАДИТЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ ИМПЛИКАЦИИТЕ ОД СОЦИЈАЛНОТО ВМРЕЖУВАЊЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА УЧЕЊЕ, КОМУНИКАЦИЈА И МОРАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ

Љубица ТОПУЗОСКА, Елена ПЕТРЕСКА


ВЛИЈАНИЕТО НА ОПШТЕСТВОТО ВРЗ РАЗВОЈОТ

Елена ЛАВРЕНЦОВА


ЛИНГВИСТИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИШТО СЕ СООЧУВААТ АЛБАНСКИТЕ ДЕЦА ИМИГРАНТИ КОГА СЕ ВРАЌААТ ВО АЛБАНИЈА

Сашенка КАМБЕРИ


ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ПРОПУСТИТЕ ВО ЗНАЕЊАТА И УМЕЕЊАТА ПО МАТЕМАТИКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Методи ГЛАВЧЕ


УЛОГАТА НА УЧИЛИШНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО ФУНКЦИЈА НА КРЕИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНИ И ОБРАЗОВНИ ПРОЦЕСИ

Сузана КОТОВЧЕВСКА


ПОГЛЕД НА ТУРСКО-ГЕРМАНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО ОДНОС НА КУЛТУРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Хикмет АСУТАЈ


ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА ВО ПРЕДУЧИЛИШНИОТ ПЕРИОД

Гарип КАРТАЛ


ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕМОКРАТСКИОТ СТИЛ НА ИЗУЧУВАЊЕ НА НАСТАВНИТЕ СОДРЖИНИ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТЕСТВО ВО IV ОДДЕЛЕНИЕ

Јасминка КОЧОСКА

ISSN 1857-7105 print

ISSN 2545-4307, on line

септември 2017
П В С T П С С
     
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Настани
  • No Events